Компанијата „Нефи ИК“ ќе ја одржува депонијата Буково, покажуваат документите до кои дојде „Охрид 24“. Вредноста на договорот потпишан од директорот на ЈП Охридски комуналец, Љупчо Грданоски и одговорното лице на „Нефи ИК“  изнесува 2.774.572 денари.

Според договорот, „Нефи ИК“ има обврска да ја одржува депонијата, да транспортира комунален и друг вид отпад од диви депонии.

Порталот додава дека компанијата „Нефи ИК“ во јавноста се поврзува со поранешниот советник во општина Охрид, Нефи Усеини, зад чие име се неколку скандали.

Документите погледнете ги на Охрид 24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.