Вчера претпладне ,полициски службеници од СВР Штип го привеле О.Е. (32) од с. Оџалија, општина Карбинци. На ул. „Партизанска“ во Штип тој со своето возило „опел астра“ не застанал на знак за запирање издаден од полициски службеници, а се обидел и да удри еден од нив.

Набргу потоа, на излезот од с. Радање, кон с. Оџалија, О.Е. го запрел возилото, се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.