Мажот кој вчера со нож ја усмртил сопругата не се обидел да се самоубие, туку се повредил од ножот додека бегал, се вели во полициската пријава од пријателите на брачната двојка во чиј дом се случило убиството.

МВР соопштува дека Е.Т.(49) од Струга вчера во 19.15 часот во СВР Охрид пријавил дека околу 19 часот, додека С.Р.(34) и Ј.Р.(39), двајцата од Битола, со привремено живеалиште во Струга, биле во неговиот стан, каде биле присутни уште неколку лица, по претходна расправија, Ј.Р. со нож ја нападнал неговата сопруга С.Р. и ѝ нанел повреди.

Според пријавеното, тој се обидел да побегне, но бил спречен, по што со ножот сам се повредил. Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај С.Р., а Ј.Р. бил префрлен во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Струга. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено за обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.