Албанецот од Македонија, кој, во понеделникот ја уби својата сопруга на паркинг надвор од еден супермаркет во австрискиот град Тулина, го призна делото.
36-годишниот Џемаил М. ја избоде со нож во врат својата 32-годишна сопруга, Земира К. Настанот се случи пред повеќе очевидци на паркингот.
Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.
-Да, сакав да ја убијам – рекол тој.
Брачниот пар има кратка историја на насилство. Џемаил бил љубоморен сопруг кој често манифестирал насилство. Поради семејно насилство, му било забрането да му се доближува на семејството.
Од тие причини Земира и двете деца на возраст од шест и десет години избегале во побезбедна куќа.
На 21-ви јануари Џемаил ја чекал својата сопруга во заседа на паркингот додека таа пазарувала. Нивните деца биле во училиште во моментот и за среќа на ја посведочиле трагедијата.
Семејството на Џемаил во Македонија не сака да има повеќе комуникација со него и го осудуваат злосторството што го направи.
Џемаил го уништи целото семејство. Не сакаме да го видиме. Тој беше зависен од коцкање и имаше лоши пријатели – велат тие.
Семејството се сомнева дека Џемаил бил близок со Исламската држава. На една фотографија, тој е сликан со вперен показалец од десната рака кон небото, гест што изминативе години го користат терористите на ИСИС.
Сега му се заканува затворска казна од 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.