Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини денеска информираше дека сопственикот на компанијата „Беса транс“ е недостапен за органите и инспекторите.

Управителот не е достапен. Пробавме да извршиме вонреден инспекциски надзор, но не успеавме. Службените канцеларии на Беса Транс беа затворени, не беше никој тука и сега доставивме известување – вели Хусеини во изјава за ТВ Канал 5.

Инспекторите од Државниот инспекторат за транспорт еднаш веќе беа во просториите на компанијата „Беса транс“ и со ленти ги запечатија вратите. Не се знае точно што земaa тогаш инспекторите од канцеларијата.

Тоа беше вонреден увид на Инспекторатот, кој дојде по трагичната автобуска несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Полицијата постапува по налог на Обвинителството, кое што отвори предмет по укажувањата за можни прекршувања на законот при превоз на патници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.