Шеесетгодишен велешанец во четвртокот починал откако му се слошило во полициската станица во Велес. Од МВР велат дека двајца полицајци го идентификувале велешанецот, и му пишувале казна за неносење на заштита на лицето, а тој во еден момент ја грабнал личната карта од нивните раце и почнал да трча. Откако го фатиле го привеле во полициска станица, таму му се слошило. Била повикана итна помош која интервенирала по што иако бил однесен во велешката болница човекот починал.
Но, очевидец тврди дека постариот велешанец ја отстранил маската зошто му се слошило, а полициските службеници го искористиле моментот за да го казнат, наместо да му помогнат. Како ќе бега 60-годишен човек од млад полицаец, ќе лета, прашува тој, раскажувајќи што се случило преку „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.