На социјалните мрежи деновиве сѐ почесто се споделуваат информации за измама со повикување на мобилен телефон од непознати броеви до странство. Всушност, станува збор за фиктивни броеви кои црпат пари. Граѓаните се збунети, оти дел од нив веќе имале искуство кога нивните сметки за телефон пораснале, откако се јавиле на ваков број. За сега, не се знае колку од граѓаните наседнале на оваа измама.

Мобилните оператори смируваат дека за појавата знаат и реагираат со блокирање на ваквите броеви, додека пак институциите предупредуваат на претпазливост и доколку има таков случај да се пријави во Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.