Голема гужви можат да се забележат за подигнување на пасоши во Скопје.

Редици граѓани чекаат да ја подигнат својата патна исправа во зградата на МРТ во делот каде МВР издава лични документи.

Изминатиов период бевме сведоци на голем хаос за закажување и издавање на пасоши, па затоа сега граѓаните се принудени да чекаат и со часови за да го подигнат својата патна исправа.

Во време кога епидемијата со коронавирусот е далеку од завршена, ваквото групирање е повеќе од  ризично.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.