Веста за тоа дека ѝ фалеле органи на медицинската сестра од Клиниката за гинекологија која беше пријавена за исчезната, па потоа најдена мртва во Вардар се прошири како молња по социјалните мрежи и се споделуваше безброј пати, но без потврда, туку само дека некој нешто чул. Од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје каде се правеше  обдукцијата на жената децидно ги демантираат ваквите вести, објави „МКД.мк“.

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков во изјава за МКД.мк потврди дека при правењето на обдукцијата кај починатата медицинска сестра утврдено е дека не недостасуваат органи.

Не се точни тие информации. Направена е обдукција врз телото на жената и утврдено е дека не недостасуваат органи, вели директорот Станков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.