Актерот Сашо Тасевски бурно реагира на веста дека Апелација му ја намалила по вторпат затворската казна на пијаниот возач кој ја усмрти студентката Фросина на пешачки премин кај Универзална сала.
Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. Апелација ја намалила првичната пресуда за триипол години. Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата… Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават. Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате?
Кривичниот суд еднаш му пресуди и го осуди на 6 и пол години затвор , но Апелација го врати процесот назад и ја поништи пресудата.
На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а денеска Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.