Мотоциклист е тешко повреден по судир со автомобил, попладнево во скопската населба Чаир, објави 24 инфо.

Сообраќајната несреќа се случила пред околу половина час, на улицата „Ќемал Сејфула“, пред спортската сала „Партизан“, кога дошло до судир меѓу мотоцикл и автомобил „опел“.

По ударот мотоциклистот се излизгал и паднал од моторот по што останал да лежи на асфалтот, а минувачите веднаш повикале Брза помош.

Екипата на Брза помош набргу пристигнала на местото и го однела тешко повредениот во Градската болница.


Повеќе фотографии и видео ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.