Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против В.П.(47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти денес МВР.

Во текот на април 2019 пријавената, наставник во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ Неготино, навела ученик во наведеното училиште,  да учествува на државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, кој се одржал во Битола, во име на нејзиниот син.

Ученикот освоил трето место во име на нејзиниот син, кој на денот на одржување на натпреварот бил надвор од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.