Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје изврши претреси во домовите на неколку лица од Скопје. При претресите се пронајдени и одземени предмети кои се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.

Во домот кај Г.Ј. (41) пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, кај Д.К. (27) пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа, кај Н.А. (22) пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј. (26) пронајдени се два пакувања со марихуана.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.