Нема повредени во вчерашната огнена престрелка во Арачиново, а како што соопшти МВР, приведени се две лица.

Ш.О.(26) од село Арачиново вчера во 23:42 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 22:30 часот во село Арачиново, додека се движел со неговото патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата мајка Џ.О.(45) и неговиот брат А.О.(20), од патничко возило „ауди А4“, со германски национални ознаки, во кое биле О.М.(36) од Арачиново и С.Ќ.(26) од село Љуботен, скопско, биле испукани проектили кои го оштетиле неговото возило.  Повредени лица нема, а според пријавата, причина за нападот се нарушени семејни односи, соопштија од МВР.

Полициски службеници излегле на местото. По наредба на Јавен обвинител, Ш.О. и А.О. биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.