Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.
Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број семејства, се вели во соопштението испратено од таму.
Народниот правобранител изразува сочувство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо закрепнување и оздравување на повредените во овој настан. Смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.
Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа државата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски, потенцира Народниот правобранител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.