ВМРО-ДПМНЕ бараме Директорот на Бирото за јавна безбедност да се откаже од услугите и да го разреши од позицијата советник Љупчо Трајковски, против кого се води судски процес заради помагање при криумчарење на мигранти.
Истовремено, велат од партијата, мора да има одговорност и за лицата кои не го санкционирале и дистанцирале од позициите во полицијата за да не влијае на доказите и сведоците во случајот кој што се води против него.
Во изјава за медиумите Орце Ѓорѓиевски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порача дека криминалот е заштитен знак на СДСМ, криминалците си помагаат едни на други, а лица поврзани со СДСМ осомничени за тежок криминал, наместо да се соочат со правдата, добиваат награди.
Последниот пример е прераспределувањето на поранешниот началник на штипската полиција Љупчо Трајковски на позицијата советник во Бирото за јавна безбедност. Да потсетиме за Љупчо Трајковски се води судски процес заради помагање при криумчарење на мигранти. Да биде апсурдот уште поголем новоназначениот советник Трајковски сега е дел од Бирото за јавна безбедност кое меѓу другото има надлежност и врз секторот за гранични работи, миграции и криминалистичка полиција. Со други зборови ова е како да се постави дилер во одделот за недозволена трговија со наркотици.
Замислете за советник во БЈБ е поставен човек кој, според обвинението наплаќал по 200 евра од возило со мигранти и ги известувал криумчарите на кои места биле полициските патроли. Класична злоупотреба на службената должност и срам за полицијата. Ова е кадровската политика на Заев, Спасовски и Славјанка Петровска. Полицијата наместо заштитник на граѓаните, се претвори во соучесник во криминалот. Какви совети ќе му дава осомничениот на директорот на БЈБ ? Дали со унапредување на Трајковски му се дава нова можност за криминал? Дали тој треба да остварува контакт со подземјето во пресрет на изборите во корист на СДСМ и Зоран Заев лично?, прашува Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.