Вечерва во Кочани е нападната екипа на „Инфомакс“ кој преку целиот ден информира за поткупот кој се случува речиси во цела Македонија.

Во вклучувањето во живо на Фејсбук каналот на „Инфомакс“ уредникот  Александар Митовски  рече дека се нападнати додека си ја извршувале својата професионална задача и апелираше полицијата да не се занимава со нив туку со оние кои го вршат поткупот.

Како што тврди екипата на „Инфомакс“ биле нападнато во т.н ромско маало и оти биле легитимирани.

 

 

Извор: Инфомакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.