Лекар во Клиничката болница во Тетово пријавил дека бил нападнат од 32- годишен пациент по што интервенирала полицијата. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, по што напаѓачот бил хоспитализиран во скопска здравствена институција.

Во 8:25 часот, 47-годишен лекар од тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавил дека на Психијатриското одделение физички бил нападнат од 32-годишниот пациент К.И.од тетовско Боговиње, по што бил смирен и испратен за хоспитализација во скопска болничка установа, соопштија од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.