Во Куманово лекар од Итната медицинска помош пријавил во полиција дека бил мета на физички напад при извршување на неговата работа.
Случајот во СВР – Куманово, лекарот В.В го пријавил вчера во 10.20 часот, при што го објаснил целиот настан со нападот.
– На 01/02.08.2020 околу 22.00 часот, додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово-Свети Николе, во близина на с.Добршане, лекарот бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот, по што од таткото на починатиот бил физички нападнат, информираат од МВР, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.