Четири лица биле приведени, поради напад на службено лице во штип, во петокот, на 29 јануари годинава. според билтнот на МВР приведени се три лица од Скопје и едно од Штип.
На 29.01.2021 во 20.20 часот во Штип биле приведени С.П.(31), К.П.(27), Б.Р.(27), сите од Скопје и С.А.(25) од Штип, затоа што С.А. и Б.Р. физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а при извршен преглед во патничко возило „форд мондео“, управувано од С.П., во кое сите се превезувале, биле пронајдени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – стои во билтенотна МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.