Службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода 32-годишниот кавадарчанец Х.В., затоа што физички нападнал полицаец кој извршувал службени дејствија, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Тој бил лишен од слобода рано изутринава во 01.40 часот на улицата „7-ми Септември“ во Кавадарци. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти Додевски.
Претходно, во 00.40 часот во ОВР Кавадарци, Х.В. пријавил дека во казино во градот бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.