ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Н.(35) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, против М.И.(35) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“ и против С.Т.(37) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 09.04.2020 во Гостивар, првопријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, второпријавениот снимал со својот телефон, а третопријавениот со агресивно однесување ги спречувал полициските службеници при извршување службени задачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.