Во полициска станица Гази Баба полициски службеници од ЕВР Гази Баба вчера извршиле разговор со М.К (25) од Скопје, постапувајќи по пријава од 18.08.2021, според која С.И.(33), вработен како контролор во јавно претпријатие, околу 15.30 часот бил физички нападнат од страна на машко лице, при што му бил одземен еден пос-терминал за контрола на билети.

Во присуство на Јавен обвинител, соопштија денеска од МВР, од М.К. се одземени предмети и пос-терминал, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.238 од Кривичниот законик, за „разбојничка кражба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.