Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Како што соопштија од МВР, пријавената од 11 до 13 јуни, во повеќе наврати го напуштила домот каде требало да биде под здравствен надзор и домашна изолација за кое ѝ било издадено решение од ДСЗИ, ПЕ Кочани.
На 13-ти, пак, таабила затекната во возило „пасат“ на ул,,Т.Паунов“ и при прегледот кај неа била пронајдена бела прашкаста материја и три куршуми-малокалибарска муниција.
Таа била под дејство на алкохол и лишена била од слобода по што била однесена во домот на нејзината тетка каде била обезбедувана од полициски службеници од Полициската станица Кочани се до нејзиното сместување во задолжителен државен карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.