Мерки за обезбедување присуство им одреди судија на лицата А.Ц. и Ј.Ц, кој постапуваше по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за определување мерка притвор против двете лица, кои се осомничени за кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став три од Кривичниот законик.
Станува збор за тепачката, која се случи на 23 март во кафе бар во скопско Марино, во која со нож беше прободен полициски службеник.
Судија по претходна постапка по произнесување на странките во постапката, како и ценење на фактите и доказите во предлогот на обвинителот донесе решенија со кои на осомничените им одредува мерки за обезбедување присуство по член 146 став 1 точка 1,2,3 и 6, односно одземање патни исправи, забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште, обврска за јавување кај службено лице во судот и забрана за приближување на оштетениот и сведоците во постапката, соопштија од Кривичен суд.
Есенцијални аргументи од кои се раководел судијата на претходна постапка, појаснуваат од Кривичен, при определување на мерките за обезбедување присуство се личноста на осомничените, нивната возраст, фактот што првпат доаѓаат во судир со законот за ваков вид кривични дела, против нив не се води постака за други дела, како и видот, природата и околностите, под кои е сторено делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.