Со искази на дел од обвинетите и со обраќањето на обвинителството пред Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, денеска треба да заврши јавната седница по жалбите за пресудите за счучувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Адвокатите на осудените ги образложуваа своите жалби, поднесени на првостепената пресуда.

Според нив, првостепената пресуда со која 16 лица беа осудени на вкупно 211 години затвор мора да биде „падне“ и случајот да биде вратен од почеток.

Адвокатот Дончо Наков смета дека пресудата, но и обвинението содржат низа пропусти. Пред апелационите судии наведе дека за ист настан во кој учествувале исти луѓе, обвинителството има четири различни обвиненија, тргнувајќи од учество во толпа, насилство, обид за убиство па се до терористичко загрозување на Уставниот поредок.

Декор е пресудата на првостепениот суд која е напишана на 1.056 страници. 75% од наведените дејствија се поврзани со луѓето кои беа амнестирани за кои во пресудата има напишано по 100-тина редови, а за осудените нема ниту по 10-тина редови. Најфрапантно е што во пресудата нема наведено локација каде се случувал настанот, рече адвокатот Дончо Наков, пренесе телевизија „Сител“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.