Возач кој вчера бил запрен од сообраќајната полиција а бил најпијан од сите, имал 1,45 промили алкохол во крвта, додека низ улиците каде максималната брзина е 50 километри на час, санкциониран е возач кој управувал автомобил со брзина од 163 километри.

Како што соопшти МВР, вчера при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Општина Центар изречени се вкупно 153 мерки, од кои 26 за брзо возење, 15 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, 11 за возење под дејство на алкохол, девет за неисправни возила од јавниот превоз, пет за минување на затворен семафор (црвено светло), шест санкции за користење на мобилен телефон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.