Во текот на вчерашниот ден (06.06.2021) припадници на министерството за внатрешни работи санкционирале 659 возачи, кои се движеле со брзина повисока од дозволеното.

Од нив, 90 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 19 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 145, а потоа на територија на СВР Скопје – 111, на територија на СВР Куманово – 93…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.