Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спровело зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Македонија

Санкционирани се 156 возачи. Од нив, 40 на територијата на СВР Тетово, 40 исто така на територија на СВР Охрид, 24 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Скопје – соопштија од МВР.

Оттаму наведуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.