Истрагата во случајот „Двојник“ го утврдила идентитетот на најмалку 40 криминалци кои поседуваат фалсификувани македонски пасоши, односно вистински пасоши издадени од МВР, но со лажен идентитет, велат извори од истрагата за „Слободен печат“.

Најмногу лица со фалсификувани македонски пасоши има од Црна Гора и од Албанија, а има луѓе со потерници од Италија, Србија, Словениjа, Данска, Грција и Франција, како и двајца Бразилци. Проверката и идентификацијата е извршена со америкснакса стручна помош, а притоа бил користен софтвер за препознавање лица.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, вели дека МВР треба да ги сторнира сите пасоши со лажен идентитет, за да не можат да се користат, доколку тоа досега не е направено. Според него, треба да следи анализа на случајот „Двојник“, за да се утврди дали имало и други инволвирани.

Иако сегашната истрага се води и внатре во МВР, но и кон надвор, досега не е утврдена организирана група. Единствента врска меѓу сите вмешани е Раиф Мифтари, посредникот меѓу нив, кој не е уапсен и по кого е распишена меѓународна потерница.

Тие што се вклучиле во фалсификат треба да одговараат. Оперативните служби во МВР, Агенцијата за Национална Безбедност, Агенцијата за Разузнање треба да соберат факти, информаци и да се направи продлабочена проверка на каков начин се изадале пасошите. За да функционира тоа треба најмалку двајца. Тој што ги прима барањата за издавање пасоши и тој што ги контролира, постои систем на надлежности – вели Трајанов за „Слободен печат“.

Голем дел од 215 пасоши со туѓ идентитет се купени од работници кои сакале да работат во европска држава со македонски пасош, додека цената им била околу 20 илјади евра. Останатите завршиле кај крупни криминалци од регионот.

Идентитетот се крадел од луѓе кои се стекнале со македонско државјанство пред повеќе децени, но никогаш не извадиле биометриски документ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.