Во македонскиот Кривичен законик, во главата за кривичните дела против животната средина и природата, во членот 227 пропишано е и кривичното дело „Предизвикување шумски пожар“.
„(1) Тој што ќе предизвика шумски пожар па поради тоа ќе настапи штета од големи размери, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе предизвика пожар во заштитена шума, национален парк или во друга шума со специјална намена.
(3) Тој што ќе предизвика два или повеќе шумски пожари, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со затвор од три до пет години“, се пропишува во Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.