Според мои сознанија, но и информации на ресорното министерство за внатрешни, во моментов има околу 38 илјади неподигнати лични карти, кои од за мене нејасни причини сѐ уште се на шалтерите во МВР, изјави за „Нова Македонија“ Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија.

Тој не знае зошто граѓаните не си ги подигаат документите.

Но тоа укажува дека граѓаните треба повеќе да водат грижа доколку сакаат да го остварат своето право на глас на следните избори. Од друга страна, пасошите многу малку се користат како документи за идентификација на изборите, па оттаму проблемот, кој се очекува да се реши до изборите, а деновиве е актуелен, според мене, не би требало да влијае некако врз изборниот циклус – вели првиот човек на ДИК, Дерковски.

Целиот текст тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.