Запленети над 2000 парчиња пиротехнички средства во тетовско.

На 22.12.2021 околу 20.40 часот во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1380 разни видови пиротехнички средства. Претходно, околу 18.20 часот пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди, се наведува во соопштението испратено од МВР.

По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.