Скопјанец пријавил кражба откако мерцедесот го оставил со запален мотор и со клуч на брава. Како што информира полицијата, вчера во 14.15 часот во СВР Скопје, М.Г. (41) од скопското село Волково, пријавил дека истиот ден околу 13.45 часот од улица „Ѓорче Петров“ непознат сторител го одзел неговиот „мерцедес“, кој го оставил со вклучен мотор и клуч на бравата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.