Началничка на управни работи во Радовиш пред неколку дена со 1.75 промили алкохол во крвта направила три сообраќајни незгоди, па избегала од местото на настанот, објави порталот „Инфомакс“.

Како што пишува „Инфомакс“, началничката на управни работи во Радовиш А.Л. инаку учесничка во шарената револуција, на 28 декември годинава предизвикала три сообраќајни незгоди па го напуштила возилото и избегала од местото на настанот.

Околу 21.00 часот на улицата „Илија Алексов“, А.Л. со нејзиното возило, марка „БМВ“ најпрво удрила во автомобил, а потоа во пешак.

Според „Инфомакс“, настанот се случил откако А. Л. изгубила контрола врз возилото, прескокнала преку кружен тек на улицата која води до селото Раклиш, удрила во автомобил „Фиат пунто“, па во пешакот З.С. а на крајот во дворна ограда предизвикувајќи материјална штета и телесни повреди на возачот на „пунтото“ и на пешакот.

По ова, таа оставила нејзиното возило, „БМВ“ и избегала.

Од МВР се уште нема реакција за настанот.

извор: Инфомакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.