На поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе им се суди за организација на настаните од 27 април 2017 година во Парламентот.
Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.
По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани, се вели во соопштението на судот.
Според обвинителството, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, обвинетите подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.