30-годишен скопјанец доби кривична пријава откако било откриено дека направил импровизиран бункер на нива во близина на градот, каде чувал неколку видови дрога.

На 06/07.10.2021, полициски службеници извршиле претрес на нива, која пријавениот ја користел без знаење на сопственикот и на неа направил импровизиран бункер, при што биле пронајдени и одземени еден килограм и 19,55 грама марихуана, амфетамин, кокаин и две ваги со остатоци од марихуана, амфетамин и кокаин – се вели во соопштение на МВР.

Од полицијата информираат дека Г.Ф. ќе биде гонет за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.