На 05.09.2020 околу 04.00 часот на магистралeн пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар.
Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција).Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.