Уште еден срцепарателен апел испраќа мајката на Илија Лазаревиќ од Демир Капија, момчето што веќе пет месеци се води како исчезнато лице.
30-годишниот Лазаревиќ на 2 април годинава излегол од својот дом на ул„Илинденска“ бр.5 во Демир Капија и сè уште не се вратил, ниту пак се јавил каде се наоѓа. Висок е околу 180 сантиметри, со кафеава коса, сини очи, средно долга брада. Бил облечен во темно црвена тренерка, кратки црни пантолони и сиви патики.
Неговата мајка Сузана Лазаревиќ и преку социјалните мрежи и преку медиумите постојано апелира надлежните служби покажат поголема ажурност во истрагата.
Пак се обраќам до властите, до инспекторите, Иле може негде бара помош и му е потребна помош, секакви гласини има, дека бил во Германија и дека имал некој удес, изгубил памтење или во Швајцарија. Дај ве молам проверете по државите, со него си го носи и пасошот, а можеби негде е затворен бара помош, пишува неговата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.