Во саботата попладне, А.В. (36) од Скопје пријавила дека на улица “Вангел Тодоровски”, општина Аеродром во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.

На А.В. и е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и известен јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.