Aвтоматски пушки, пиштоли и хероин се најдени при акција во Бутел.

При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин.

Бирото за јавна безбедност, Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. До сега приведени се вкупно 5 лица, а акцијата се уште е во тек.

За акцијата информираше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.