Неексплодирани гранати од Првата и Втората светска војна вчера беа уништени на Армискиот полигон Криволак од страна на пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување.
Од ДЗС соопштија дека уништувањето на неексплодирани убојни средства (НУС) е повеќедневна, комплексна операција која се одвива согласно Стандардна оперативна процедура за прифаќање, транспорт и уништување на НУС.
Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации на нашата земја и потекнуваат од Првата и Втората светска војна, информираат од Дирекцијата.
На операцијата присуствувал и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, при што му биле презентирани најсовремените средства за уништување на НУС, кои биле набавени од страна на Дирекцијата.
Џаферовски, како што соопштија од ДЗС, ја искористил приликата да им да се обрати на пиротехничарите за решавање на нивниот статус, набавка на нова опрема и подобрување на условите за работа.
Директорот ја истакна и потребата од вработување на млади пиротехничари и нивна обука за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и за потребите на нашата земја, информираат од ДЗС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.