Полицијата го привела А.И. (46) од село Сарај, осомничен за кражба.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во 12:30 часот, на улица „Димитрие Чуповски“ во Скопје, А.И. бил лишен од слобода бидејќи претходно од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од Г.Ј.(52) од Скопје одзел пари и мобилен телефон. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.
МВР соопшти дека за случајот е запознаен и Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.