На Граничниот премин Ќафасан – Струга е приведен дилер од Албанија, кај кого е пронајдена кокаин, соопшти МВР.
Денеска околу 17:15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан – Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либразд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин. Р.К. е приведен, посочуваат од МВР.
Оттаму информираат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.