По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид, како што стои во денешното соопштение од ЈО, околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.
На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото, се појаснува во соопштението од Јавно обвинителство на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.