Вчера во периодот од 09.00 до 10.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домовите на Д.М. (81) и М.М. (74) на улица „Пионерска“ во Кавадарци.
При претресот во домот на М.М. биле пронајдени и одземени еден пиштол „ВЗОР“ 50 калибар 7,65 мм и рамка со осум куршуми, кој го поседувал без дозвола. При претресот во домот на Д.М. пак, биле пронајдени и одземени еден пиштол со куршуми, кој го поседувал без дозвола и еден пиштол со куршуми, кој го поседувал со дозвола.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.