Полицијата во Скопје уапсила 36-годишен скопјанец поради извршена тешка кражба во салон за автомобили.

На 16.08.2021 во 05.00 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.