Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за гранични работи Запад при БЈБ, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, на 31.07.2021 во вечерните часови, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина нa месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица.
Од МВР информираат дека во непосредна близина на лицата се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во вредност од околу 250.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.