Пешак е тешко повреден откако во него налетал велосипедист.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 18,30 часот во Кичево, на улица „Маршал Тито“, кога непознат велосипедист удрил во пешакот Д.И.(64) од Кичево по што го напуштил местото на настанот.

На Д.И. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.