Вчера во 17,20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на местото викано Ливади , патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(66) одКуманово, удрило во Б.М.(79) од Куманово.

По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23,30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.